Категории

Мрачна и бизарна колекција на Alexander McQueen за есен/зима 2017

Модната куќа Alexander McQueen останува верна на својот морбиден концепт и естетика доведувајќи ги во прв план мрачната атмосфера и креациите кои будат моќ и интригантност со впечатливите дезени и бои.

За сезоната есен/зима 2017 брендот ги избра пејсажите на Корнвал како позадина за претставувањето на кампањата која како спој на контрадикторности претставува црно-бели фотографии каде преовладува мрачна етстетика, и колоритни фотографии под зајдисонцето кои вметнуваат мала живописност.

Прегледи:
386
Објавено на:
13.07.2017