Категории

Мрачната страна на хороскопските знаци: Шкорпиите се груби до срж, Раковите најголеми песимисти!

Дознајте ја мрачната страна на секој хороскопски знак!

Овен

За нив се смета дека се слони кон расправии дури и кога немаат аргументи. Посебно се осетливи на своето его, па понекогаш се оддалечуваат од некои луѓе само за да не им биде повредено егото. Исто така, честопати знаат да не ги довршуваат проектите – ако им се укаже прилика за авантура.

Бик

Биковите сакаат да ги задоволуваат своите потреби и да бидат малку мрзеливи. Односно, кога ќе седнат на кревет, тешко им е да станат. Знаат да бидат посесивни и склони кон материјални нешта. Исто така, можат во некои ситуации да бидат премногу љубоморни.

Близнаци

Припадниците на овој знак се премногу нервозни и имаат проблем со донесувањето на одлуки. Освен тоа, им недостасува концентрација и фокус на нешто што треба да направат, па поради тоа честопати губат добри можности во животот.

Рак
Тие се честопати нерасположени, потиштени, хронични песимисти, премногу емотивни и наметливи. За нив сѐ е драма и секогаш се чувствуваат како жртва, поради што животот со нив не е лесен.
Склони се кон песимизам и замислување разни болести. За Раковите може да се каже дека на некој чуден начин уживаат во тажно опкружување.

Лав

Лавовите имаат огромно его кое честопати изгледа дека нема граница. Се сметаат себеси за ѕвезди и не им е јасно како другите луѓе немаат исто мислење. Многу се страствени, имаат некоја силна потреба за драма и им недостасува трпение. Сакаат да привлекуваат внимание и тоа добро им оди, бидејќи се заводливи и привлечни.

Девица

Девиците знаат да бидат немирни, премногу критични и тврдоглави поради што никогаш не се задоволни. Со нив не е лесно да се живее, бидејќи секогаш сметаат дека може нешто подобро и со тоа ги „дават“ членовите на семејството и пријателите. Тие над сѐ ценат конструктивни критики и искреност.

Вага

Вагите најдобро се сложуваат со доминантните знаци во Зодијакот. Премногу се неодлучни. Може да се каже дека на некој начин се заљубени во себе и знаат да ги преценуваат своите способности.

Веруваат дека со добриот изглед може да се решат сите проблеми, склони се кон манипулација и не се снаоѓаат со емоциите.

Шкорпија

Шкорпиите знаат да создадат пријатна атмосфера и многу се привлечни, но, од друга страна, можат да бидат многу груби и ладни кон другите. Понекогаш се чини дека уживаат во туѓата несреќа. Склони се кон љубомора, изливи на бес, нарцисоидност, силни амбиции… Тие секогаш и секаде сакаат да бидат главни.

Стрелец

Честопати им недостасува тактика и дипломатија, а ценат искреност, каква и да е. Исто така, склони се кон преценување на своите способности и неретко сметаат дека се секогаш во право, иако за тоа немаат никаква основа. Импулсивни се.

Јарец

Тие чашата секогаш ја гледаат полупразна и во состојба се да го „извлечат“ целиот оптимизам кога ќе се појават во просторијата. Јарците најмалку се склони кон спонтаност од сите знаци во Зодијакот поради што знаат да бидат напорни. Исто така, не се премногу емпатични, туку преокупирани сами со себе.

Водолија

Водолиите се многу непредвидливи, недоследни, не попуштаат и се тврдоглави. Исто така, склони се кон каснење повеќе од било кој знак. Но, Водолиите не ги интересира што другите мислат за нив. Тие се многу добри манипулатори кога нешто посакуваат премногу.

Риби

Рибите живеат во облаци до таа мера што знаат во поголемиот дел од животот да бегаат од реалноста. Освен тоа, склони се кон претерување, односно „од мува прават слон“ и им помагаат на другите од некои себични причини, не од добрина. Припадниците на овој знак се често немирни, премногу осетливи и склони кон песимизам.