Категории

Му признала дека сака да се смират: Бред Пит снимен во хотел со Џенифер Анистон

Поранешните сопружници биле фатени од надзорните камери во хотелот Гансевурт. Изворите тврдат дека Џенифер му признала на актерот дека би сакала повторно да бидат заедно.

Имено, Бред Пит и Џенифер Анистон биле видени заедно во приватен апартман во хотелот Гансевурт во Њујорк само неколку недели пред да експлодира веста за разводот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли.

Изворите тврдат дека разговарале за својата некогашна врска.

– Џенифер му признала на Бред дека би сакала да се смират. Таа всушност чекаше тој да прекине со Анџелина и сè да биде како порано – тврди изворот и додава дека Пит ѝ се извинил на Џенифер затоа што ја оставил поради наскоро поранешната сопруга Анџелина.

Бред и Анистон се запознале во далечната 1998 година, а се венчаа две години подоцна. Тие беа еден од омилените холивудски парови. Во 2005 година објавија дека се разведуваат. Бред во тоа време го снимаше филмот „Господин и госпоѓа Смит“ со Џоли.

– Беше среќна кога дозна дека се разведуваат. Во Џенифер секогаш постоеше некоја искра надеж дека повторно ќе бидат заедно – рекол изворот.

Инаку, Анистон моментално е во брак со Џастин Теру. Тој неодамна коментираше дека на светот се случуваат многу поважни работи од разводот на две холивудски ѕвезди.

Прегледи:
398
Објавено на:
30.09.2016