Категории

Мудра приказна: „Божјото помнење“

Една жена тврдела дека и се укажува Бог.
Отишла кај бискупот да се посоветува. Бискупот и рекол: „Драга госпоѓо, вие можеби верувате во илузии. Морате да знаете дека јас како дијацезански бискуп одлучувам дали вашите тврдења си вистинити или лажни.“

„Знам, превозвишен.“
„Тоа е моја одговорност, моја должност.“
„Секако, превозвишен.“
„Тогаш ќе постапите како што ќе ви речам?“
„Ќе постапам, превозвишен.“
„При следното укажување, морате да проверите дали Бог вистински ви се укажува.“
„Како ќе го проверам тоа, превозвишен?“
„Ќе му кажете на Бог: Објави ги личните и јавните грешки на мојот бискуп. – Ако ви се укажува Бог, тогаш ќе ви ги кажи моите гревови, вие ќе дојдете и лично ќе ми ги соопштите.“
„Ќе направам така превозвишен“, рекла жената.

Месец дена подоцна таа се најавила кај бискупот, тој ја примил и ја запрашал: „Дали Бог повторно ви се укажа?“
„Мислам дека да, превозвишен.“
„Дали Го прашавте онака како што ви заповедав?“
„Да, превозвишен.“
„Што ви рече Бог?“
„Ми рече: Кажи му на својот бискуп дека ги заборавив неговите гревови.“

Прегледи:
730
Објавено на:
27.11.2020