„Откако ќе се качите на планината, ќе сфатите дека има уште многу планини на кои треба да се качите.“
Нелсон Мандела, големиот борец за мир и против расистичкото друштвено уредување, зад себе остави богато наследство, но издвојуваме за неколку од неговите мудри цитати кои можеме да ги примениме во секојдневниот живот.
-Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот.
-Храброста не е отсутност на страв, туку триумф над него.
-Не е храбар оној кој не чувствува страв, туку тој кој го надминал.
-Добрата глава и доброто срце секогаш ќе бидат вредна комбинација.
-Ако сакате да се смирите со непријателот, треба да работите со него. Тогаш тој ќе ви стане партнер.
-Секогаш прави го невозможносто, се додека не стане возможно.
-Парите нема да создадат успех, туку слободата да го направите тоа.
-Храбрите луѓе не се плашат да се збогуваат.
-Откако ќе се качите на планината, ќе сфатите дека има уште многу планини на кои треба да се качите.