Либертанго е приказна за настанувањето на тангото, танц кој настана на улиците на аргентинските градови и ги достигна врвовите на уметничкиот Олимп.
Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена. Тангото е танц на љубовта, љубовната болка, љубомората, страста.
На 3 октомври 2018 (среда) во 20 ч. на сцената на МОБ публиката повторно ќе се сретне со танго танцот во изведба на солистите и ансамблот на балетот на МОБ.
Кореограф е Сабрина Боско (Италија), режисер и либретист е Наташа Поплавска, додека костимограф и сценограф е Александар Ношпал.
Во изведбата главните улоги ги толкуваат:
Асунта Манети Пјацола – Александра Мијалкова
Висента „Нанино“ Пјацола – Васил Чичијашвили (Грузија)
Марија Нивес Раго – Мими Поп Алексова Атанасовска
Хуан Карлос Копес – Игор Веланоски
Карменсита Калдерон – Наташа Јосифовска
Деде Вулф – Саша Ефтимова
Во останатите улоги настапуваат солисти на балетот како и комплетниот балетски ансамбл.