Категории

На 31-ви март ќе се одржи втората конференција „Родителството во XXI век“

Секој дом е универзитет, и секој родител е професор.
– Махатма Ганди

На 31.03.2018 во хотел Порта ќе се одржи втората Конференција “Родителството во ХХI век” .

Конференцијата  има за цел да го пронајде одговорот за прашањата со кои секојдневно се сретнуваме како (идни) родители: Како денеска да ги воспитуваме децата? Како да им помогнеме на нивниот пат за растење? Што да прават? Како да живеаат/Каде да одат?

Организаторите во повикот го поставуваат прашањето и дилемата  каде сме денес и каков е светот во кој живееме? Брзиот развој на техологијата, некако реципрочно доведе до уништување на природата, која е извор на здрава и квалитетна храна, вода и воздух. Како ја расипа хармонијата во природата, повторно, како тоа резултира со реципрочно нарушена хармонија во самиот човек, а со тоа и во општеството, односно во меѓучовечките односи.

Конференција наменета за сите, за идните родители и оние кои веќе тоа се, за сите што сакаат да дискутираат на оваа тема, да научат нешто повеќе и да придонесат до одговор на значајните прашања кои ќе бидат поставени. Повеќе можете да дознаете на следниот линк.

 

Прегледи:
638
Објавено на:
07.03.2018