Категории

На 7.мај на небото ќе се појави Супермесечината, последна за оваа година: Еве на кого најмногу ќе влијае!

На 7. мај нѐ очекува полна Месечина и тоа Супермесечина (има поголема привидна големина на својот лунарен диск гледано од Земјата), и она што е значајно е тоа дека оваа месечина е последна од ваков вид за 2020. година, што е енергетски многу важно и сигнализира на важно влијание на сите хороскопски знаци.

Истиот ден се очекува и дожд од метеори кој на небото ќе предизвика голем број ѕвезди кои паѓаат. Знаеме дека ѕвездите кои паѓаат симболизираат среќа и добра енергија. Во комбинација со полната Месечина овој период може да го сметаме за многу важен во смисла дека носи крај на еден циклус и наговестува нов почеток, а тој нов почеток со себе носи надеж. Тоа е она што ни е на сите потребно.

Енергијата на полната Месечина во Шкорпија може да биде патоказ за секој од нас, по тешкиот период. Наредните денови носат големи можности кои треба да ги искористите на најдобар можен начин. Само со напор и волја може да се оствари она што долго го посакуваме. Ѕвездите ни се наклонети, а на нас е да го искористиме овој период најдобро што можеме.

Сите ќе почувствуваме некој вид олеснување, а исто така ќе бидеме полни со оптимизам кој ќе ни помогне на најдобар начин да ги искористиме позитивните аспекти.

Исто така, сега не е момент да се навраќаме на минатото, бидејќи еден важен циклус е завршен – нашето внимание и енергија треба да бидат насочени кон почнувањето на нов циклус кој може да донесе многу успех и радост.