АМК РПМ и Класик Мини, како здружение на ентузијасти на автомобилите организираат настан-изложба на олдтајмер возила по повод одбележување на 60 годишниот роденден на популарниот британски модел Мини Морис.
Заедно со нивните пријатели на 08.06.2019 (сабота) со почеток од 11 часот ќе ги изложат и претстават автомобилите пред посетителите и медиумите на плоштадот Делфина во населба Влае – Општина Карпош.
За таа цел ве покануваат во сабота да го проследите нивниот настан!
Во најава се голем број на Мини мориси, но исто така и гости/пријатели со уникатни автомобили! – Ветуваме добра забава и интересни автомобили! – велат од АМК РПМ и Класик Мини.