Активисти од здружението Хутукара, неодамна објавија фотографии од племе кое нема никаков допир со цивилизацијата, а живее длабоко во Амазонската прашума во Бразил.
Неверојатните фотографии прикажуваат мало село на изолираната Јаномами доморедечка територија на северниот дел од земјата, во близина на границата со Венецуела.
Во племето Јаномами во кое живеат околу 35.000 луѓе во две држави, постојат најмалку три одделни групи кои немаат сосема никаков контакт со надворешениот свет. Фотографиите прикажуваат една од тие заедници, а се верува дека во неа живеат околу стотина луѓе.
Но, ова подрачје е под закана од повеќе од 5.000 нелегални рудници на злато, кои постепено ја преземаат земјата. Работниците со себе носат болести, а водата и храната ја загадуваат со жива, па сето тоа доведува до сериозни здравствени кризи.
Здружението Хутукара ги обелодени фотографиите за да ја подигне свесноста за ситуацијата, напомнувајќи дека постои сериозна закана оваа група на луѓе да биде уништена.
Местата каде што овие индијанци живеат, се занимаваат со лов и риболов и садат храна, мора да бидат заштитени,. Целиот свет мора да знае дека тие постојат во прашумата и власта мора да го почитува нивното право таму да живеат, во својот обид да ги заштити староседелците изјавува претседателот на здужението Хутукара, шаман и активист од племето Јаномами.
Рударите се како термити, постојано со своето враќање не ги оставаат на мир, ја дополнува својата изјавува Хутукара.
Директорот на организацијата Survival International, Стивен Кори, тврди дека племињата се соочуваат со катастрофа доколку нивната земја не се заштити.
„Овие необични фотографии се уште еден доказ за постоењето на племиња кои немаат допир со надворешниот свет. Повеќе од очигледно е дека се совршено способни да живеат успешно без наша помош, без напредокот и брзиот развој. Правиме сé да ги заштитиме нивните домови и нив, и да им помогнеме сами да ја градат својата иднина – заклучува Кори.
Извор: Макфакс