Категории

На кој хороскопски знак да му верувате, а од кој да се пазите

Овенот никогаш не ги крие своите чувства, а Бикот и Лавот е најдобро да ги имате околу вас кога сте во неволја.

ОВЕН

Овенот е хороскопски знак кој е лојален пријател. Секогаш го кажува тоа што го мисли и кај него нема лажни ветувања. Тој најдобро се сложува со упорните и вредните, а ги избегнува оние кои постојано се жалат.

БИК

Бикот е пријател кој секогаш е тука за вас. Тој е заштитнички настроен и не дозволува во негово друштво да се оговараат пријателите.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците имаат голем круг на пријатели. За секој вид на потреби имаат одреден круг на пријатели. Едни пријатели им се за деловна соработка, други за излегување, трети за утринско кафе…

РАК

Ракот е знак кој не може да се дружи со ладни луѓе. Најмногу му одговараат емотивните личности кои се полни со љубов и кои сакаат на другите да им помагаат.

ЛАВ

Лавот е знак кој има многу пријатели но е целосно искрен само со мала група на луѓе. Ако имате пријател Лав кој ќе ви се отвори тогаш знаете дека ве цени и никогаш нема да ви го заврти грбот.

ДЕВИЦА

Девицата на прв поглед изгледа ладно, но кога некого ќе засака, тоа е искрено. Не знаат да глумат почитување. Мана им е што не знаат да го почитуваат туѓиот успех.

ВАГА

Вагата е некој кој е добар советник за пријатели. Има многу пријатели но само со мал дел од нив е целосно искрена.

ШКОРПИЈА

Шкорпијата е знак кој ладно се однесува со пријателите. Односно остава таков впечаток, но кога ќе го освоите нејзиното срце, ќе ви се отвори максимално и ќе уживате во нивното пријателство.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот е многу искрен и друштвен. Луѓето го сакаат, но она што на нив не им се допаѓа кај другите е агресивност и пасивност. Никогаш нема да дозволат агресивна личност да влезе во нивниот потесен круг на пријатели.

ЈАРЕЦ

Јарецот ја почитува лојалноста. Неговиот круг на пријатели е врзан за луѓето кои им помагале и на кои тоа им е возвратено. Ако на некого му помогнал, а таа личност не го испочитувала кога на него му била потребна помош, тогаш ќе се оддалечи.

ВОДОЛИЈА

Водолијата е знак кој се држи на дистанца. Ретко покажува вистинско пријателство, бидејќи прво чека другата личност да се потруди околу неа, па дури тогаш ќе возврати.

РИБИ

Рибите често знаат да бидат лаковерни и подложни на туѓо влијание. Веруваат во приказните кога некој ќе им каже дека некој друг ги оговара. Инаку се добронамерен знак кој сака луѓе со став.

Прегледи:
439
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
25.01.2016