Категории

На многу жени не им се допаѓаат: Чевлите со необичен дизајн се новиот тренд во модата!

Последниот моден крик изгледа како дело на некој вљубеник во модата кој исто така сака и риболов. Станува збор за чевлите на пета со прилично необичен дизајн, а токму необичноста е она што редовно најдобро поминува меѓу трендсетерите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Füsun Lindner (@shortstoriesandskirts) on


За да се истакнат во толпата (и на Инстаграм) посегнуваат по парчиња околу чија убавина не можат сите да се сложат, но предизвикуваат реакција, а токму тоа е поентата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ven’s Wife Style (@venswifestyle) on


Чевлите околу кои моментално мислењата се поделени се мрежести салонки од луксузниот бренд „Bottega Veneta“, а многу модни блогерки веќе си обезбедија примерок од нив.

Освен мрежата од која се изработени, а која многу потсетува на рибарската, овие чевли ги краси и ретро квадратен облик и ги има во две бои – црна и месо боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Füsun Lindner (@shortstoriesandskirts) on


Ако посакате и вие во својата колекција да ги имате, ќе мора да издвоите 690 евра.

Прегледи:
593
Објавено на:
24.07.2019