Пред извесно време беше презентиран најскапиот апартман во Холандија.
Всушност, тоа е најскапиот апартман на оваа земја и се наоѓа во срцето на Амстердам, со масивна рамна површина од 1.440 м2, а е во сопственост на магнатот Фон Стик.
Зградата има многу интересна форма и веќе го доби својот прекар – “Нова капија на Амстердам”. Таа ќе има околу 300 станови за изнајмување и 100 станови за продажба, како и приватна марина , со доволно простор за 45 јахти.