Категории

На оние кои ти ја затвориле вратата пред носот – само НАСМЕВНИ им се

Само насмевни им се и продолжи понатаму. Во твојот живот доаѓаат многу нови луѓе кои ќе те пречекаат со широко отворени врати

Животот продолжува понатаму и кога ќе ти ја затворат вратата пред носот, всушност тогаш почнува нешто ново и уште подобро.
Само насмевни им се, нека луѓето кои не ја ценеле твојата присутност ја почувствуваат твојата отсутност. Премалку се цениме себеси кога клучевите од сопствениот живот ги предаваме во рацете на луѓето кои тоа им го поттикнува егото, кои се во нашиот живот потполно без никакви чувства и не гледаат никаква вредност во тоа.

Многу од нив не се ни свесни дека тој удар може да е тежок за тебе, затоа што тие самите се бесчувствителни. Немој да размислуваш премногу за причините и нештата кои довеле до тоа.
Сфати дека еднаш мора да дојде крајот и некои личности едноставно не можат да бидат дел од твојот живот, и тоа за добро затоа што треба да пристигнат многу други кои всушност ќе направат некоја позитивна промена во твојот наместо да го трошат твоето време бесполезно.

Не пропуштај ја шансата за да ги запознаеш.