Категории

На овој начин вашите градници ќе траат подолго и нема да ја изгубат формата

Градниците треба да се менуват по шест до осум месеци, бидејќи за тоа време им се олабавуваат прерамките, корпите ја губат формата или едноставно се деформираат.

Веројатно никогаш не сте размислувале за тоа дали долниот веш има рок на траење и кога истекува. Можеби ќе ви падне на памет дека му е потребна замена дури тогаш кога ќе почувствувате дека се олабавил од честото перење.

За да трае градникот подолго, перете го во ладна вода. Не го сушете на жица, а особено не во машина. И не го цедете со рацете. Би било добро доколку откако го исперете го ставите на чист пешкир така што корпите ќе бидат свртени нагоре. Ако е потребно, со пешкирот претходно соберете ја вишокот вода од нив.

 

Прегледи:
402
Објавено на:
24.07.2018