На патот Штип- Радовиш, поточно на три километри пред Радовиш, е поставена табла со предупредување до возачите „Смртта демне на овој пат, возете внимателно“.
Но покрај црната табла на која што е испишана пораката е поставена и макета на „косачот“, односно човек облечен во црна наметка и качулка, со коса во рацете.
Фотографијата веќе кружи низ социјалните мрежи, а дел од граѓаните ваквиот потег го оценуваат за креативен, кој пренесува порака за безбедност во сообраќајот, но за други е морбиден, бидејќи токму макетата им го привлекува вниманието на возачите, па поради страв, бидејќи изгледа реално, би можеле да направат сообраќајка.