Поранешната прва дама се појави во неочекувано издание на промоцијата на својата книга „Becoming“. Интернетот не остана рамнодушен, а некои се шегуваат дека со самото гледање во електричните чизми на Мишел им се намалила сметката за струја.
Прекрасната Мишел Обама ја магепса публиката кога пристигна во Бруклин за да разговара со Сара Џесика Паркер во чизми вредни 4 илјади долари од брендот Баленсијага, кои се протегаат до колена и светат прелевајќи се во повеќе нијанси. Чизмите одлично одговараа на нејзиниот жолт свилен фустан на дизајнерот Demne Gvasalije од колекцијата пролет 2019.
View this post on Instagram