3. Земјени знаци
Оваа дружина и нема толку многу заедничко, иако имаат ист елемент – земја. Биковите, на пример ќе уживаат во храната, додека пак Девицата е вистински аскет.
Биковите се хедонисти и на нив им е важно на одморот добро да јадат, да уживаат во храната и со часови да се изложуваат на ладовина, на некоја удобна лежалка.
На Девиците им е важна уредноста и чистотата на плажата. Исто така, тие можат да работат и на одморот. Важно им е на плажата, во кафулето да има интернет, па ќе го понесат својот лаптоп и ќе ги завршат работите.
Јарецот паѓа во несвест при самата помисла на патување. А кога веќе ќе тргне, сака тивки и мирни плажи, бидејќи од летувањето му е потребно опуштање. Во потрага е по дестинации кои имаат историја.
4. Водни знаци
Помеѓу водната екипа на хороскопски знаци, Рибите, Раковите и Скорпиите, ќе ги пронајдете оние кои сакаат да се осамат и за кои летувањето е навистина одмор, во вистинска смисла на зборот.
Раковите сакаат романтичност. Потполно ќе се забават и ќе се препуштат на мрзливоста на плажа.
Скорпиите сакаат неистражени, атрактивни и опасни дестинации. Тие ќе уживаат во пливањето, а на копното ќе се сокриваат зад своите темни очила за сонце.
Рибите ја сакаат плажата – нечепната природа и не сакаат претерано да се изложуваат на сонце. Тие ќе бидат под својот омилен сламен шешир, во ладовина, со глава нурната во својата омилена љубовна книга, сонувајќи дека токму сега ќе се појави нивниот принц.
1 2