Категории

На ТРИ Хороскопски знаци Март 2017 ќе им донесе нова љубов!

Првите сончеви денови ќе ги разбуди пеперутките на следните знаци …

Овен
Бидете сигурни дека нема да ви биде досадно во ниту еден момент! Март ви носи микс на забранета љубов, тајни состаноци, комбинации и судбински пресвртници. Во љубовниот живот малку ќе бидете како изгубени и ќе се барате себе си, но ова ќе биде добрeдојдена промена по летаргијата во која паднавте изминатиот период. На самиот почеток на пролетта, најверојатно ќе ви се појави првата слатка, но многу можно и забранета љубов. Би можела да се појави преку деловните кругови, пријатели, па дури и преку социјалните мрежи.

Јарец
Плутон се наоѓа во вашиот знак, и тоа носи светлина во вашиот љубовен живот. Ако не сте во врска, тоа ќе се промени во текот на овој месец а страста многу брзо ќе се разгори. Ѕвездите комплетно се на ваша страна, па ќе привлекувате внимание на секој чекор, што ќе донесе многу додворувачи на вашата адресаа. Ова е месец во кој ќе сретнете некој многу посебен, можеби дури и љубовта на вашиот живот. Изберете мудро, бидејќи нема да имате шанси на сите страни овој месец.

Риба
Љубовниот живот ќе се разбуди и вашиот сингл статус ќе се промени. Овој месец ќе биде расположени за љубов многу повеќе од вообичаено и ќе бидете подготвени да пуштите некој нов во вашиот живот. Во согласност со својата позитивна ориентација ќе делувате многу неодоливо. Водете активен друштвен живот, барајте добра прилика да остварите нови или необични љубовни контакти.
Идниот партнер ќе се појави во средината на месецот и многу веројатно дека ќе биде некој од вашата непосредна околина. Па затоа отворете ги очите, можеби сеуште не сте забележале дека некој веќе подолго време се обидува да ви даде до знаење дека му се допаѓате.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
355
Објавено на:
14.03.2017