Категории

Начини како да престанете да размислувате премногу и да превземете акција

Премногу длабокото размислување може да направи да се чувствувате збунети и и беспомошни и притоа да не направи  немоќни да превземеме чекор и вистински да дејствуваме..

1.Размислувајте конструктивно
Кога размислуваме премногу, мислите обично ги одигруваат нашите страовови претставени низ милион „што-ако“ сценарија. Овие мисли евентуално ќе создадат шема на размислување а тоа не донесува ништо добро. Наместо да се обидувате да се борите против ова, обидете се да го насичите вашиот ум кон барање на можни решенија. Преуредете ги вашите грижи на тој начин што мора да донесете решение за некојј проблем. Исто така тоа ќе ви помогне да пронајдете начини на кои ќе го остварите тоа.

2.Прифатете ги грешките
Ние не сме нашите грешки, но во секој случај тие не зајакнуваат. Жално е тоа што многумина од нас го поминуваат целиот живот плашејќи се да не погрешат и на крајот не превземаат никаква акција и остануваат да тапкаат во место. Тоа може да ве спречи да тргнете во остварување на вашите соништа. Наместо тоа, прифатете ја природата на грешките и сфатете ги нив како можности за учење. Тоа ќе го подобри вашиот поглед на претходните пропусти и ќе ви помогне полесно да премиенте преку неуспехот.

3.Немојте премногу да се грижите за малите нешта
Некои одлуки можат да го променат животот и бараат повеќе внимание од некои други. Но многу од тие нешта се всушнсот неважни и не вреди да трошиме толку енергија од нашиот ум. На пример, каков стајлинг да изберете за на работа наутро или какво кафе да пиете. Ваквите мали и неважни одлуки не треба да ви одземаат вниманието и да ја трошат вашата енергија. Престанете да гледате на малите камења како на планини.

4.Следете ја вашата интуиција
Наједноставното решение често доаѓа природно. Интуицијата може да биде најдобриот пријател на оние кои размислуваат многу длабоко. Уште многу порано од донесувањето на свесната одлука, нашата интуиција прави избор. Некои сметаат дека интуицијата е повеќе доверлива отколку размислувањето околу одлуката затоа што таа доаѓа инстинктивно.

5.Останете фокусирани
Да се спречи длабокото размислување бара посветеност во живеењето на сегашниот миг. Немојте да дозволите мислите за иднината да ве спречат да ја живеете сегашноста. Обидете се да ги контролирате и да знаете да ги насочувате тогаш кога е вистинско време за нив.

Прегледи:
680
Објавено на:
06.09.2020