Категории

Над милион луѓе, поканети преку Facebook, ќе дојдат на роденден на девојче

Повеќе од милион луѓе потврдија преку интернет дека ќе дојдат на роденденот на 15-годишната Мексиканка, Руби Ибара Гарсија. Ваквиот големи одзив е резултат на поканата која нејзините родители ја објавија на социјалните мрежи.

„Добар ден, како сте? Ве покануваме на 15-тиот роденден на нашата ќерка Руби Ибара Гарсија на 26 декември во местото Ла Хоја“, објавил таткото на славеничката, Кресценсио Ибара, пред неколку недели на видео на Facebook. Тој на видеото се појавува со каубојски шешир покрај сопругата, и сега веќе познатата ќерка Руби.
Поканата за прослава во село со околу 200 жители во близина на северниот град Сан Луис Потоси, ја прифатиле 1,3 милиони корисници на Facebook.

„Ова излезе надвор од контрола…не е дека не сакаме да ги поканиме сите, но овде прославите се од локална природа и ова не го очекувавме,“ рече таткото на Руби, кој стана миленик на мексиканските медиуми.

Руби, тинејџерка со долга црна коса, сега гостува во сите телевизии, а една авиокомпанија нуди промотивни цени за оние кои сакаат да дојдат на прославата на нејзиниот 15-ти роденден, важен датум кој се слави во Латинска Америка.

Иако прославата првично била планирана за 800 гости, локланите власти го променија местото на настанот на земјиште со повеќе хектари и воведоа мерки за безбедност.

„Прослава на годината“ како што ја нарекоа мексиканските медиуми, од кои многу ќе известуваат од местото на настанот, иницираше видео-игра во која тинејџерка трча по црвен тепих и дели позивници на сите што ги среќава.

Извор: Макфакс

Прегледи:
332
Ознаки:
·
Објавено на:
27.12.2016