Категории

Надминување на стравот од комуникација: Научниците развија таблети за осамени

Терапија за осамените и повлечените!

Осаменоста е чест проблем, особено помеѓу помладата популација: според податоците, четвртина од претставниците на оваа генерација немаат пријатели. Тоа има негативен ефект врз менталното и физичкото здравје. Ваквите показатели ги поттикнаа научниците да го надминат овој проблем и да развијат таблети за осамени.

 

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго ја тестирале верзијата на таблетите на волонтери кои имале чувство на изолација и осаменост. Година и пол, на волонтерите им биле давани по случаен избор плацебо таблети или таблети кои содржат хормон прегнанолон, за кој се покажа дека ја намалува анкциозноста кај социјално изолираните лабораториски глувци. Еден научник вели дека воведувањето на вакви лекови ќе им помогне на луѓето да го надминат стравот од комуникација, што ги зголемува негативните чувства и ве спречува да запознавате други луѓе.

 

„Осамениот ум ве лаже цело време. Тоа е како кога во зима возите и видливоста е многу лоша. Идејата е дека таблетите можат да го одмрзнат ветробранското стакло за вас, и на крајот, да ги гледате работите како што се, и да не се  плашите. Вие станувате поотворени за другите“, коментира научникот Стефани Качиопо.

 

Научниците исто така потенцираат дека самата таблета не е лек, туку терапија која секој ден го охрабрува лицето да го надмине стравот од комуникација.