Категории

Најдобрите места за патување според вашиот хороскопски знак

Најдобрите места за патување според вашиот хороскопски знак

Дали редовно читате хороскоп или не, мора да признаете дека има нешто возбудливо во зодијачките предвидувања.  Идејата дека ѕвездите го имаат одговорот за иднината ги плени луѓето со векови. Од хороскопски знак дознаваме каква ќе ни биде неделата која следува, ја тестираме нашата компатабилност за новиот состанок (како момче или девојка), па зошто да не и туристичките дестинации? Пронаоѓање на идеално место за одмор што е во согласност со нашата личност и темперамент е клучот за совршен одмор.

Погледнете ја галеријата  за да откриете која дестинација би требало да ви биде следна- според вашиот хороскопски знак..

Marrakesh, Morocco

Кој: Рибите (Февруари 20–Март 20) по природа се интуитивни и уметнички типови.  Ја обожуваат идејата за бегство од реалноста и истражување на светот.  Сакаат време за размислување и  за да бидат во контакт со своите емоции.

Каде: Marrakesh, Morocco, ве вика! Ќе се чувствувате како да сте стапнале во друг свет додека ги шетате уличките преполни со трговци кои продаваат безброј миризливи зачини, свежи маслинки, и рачно насликани керамички производи. Не пропуштајте ја Majorelle Garden , ботаничка градина во срцето на градот, во сопственост на починатиот моден дизајнер  Yves Saint Laurent за тивок момент.


Yosemite National Park, California

Кој: Овните (Март 21–Април 20) се познати како храбри, енергични и импулсивни.  Сакаат физички предизвици и сакаат да се на отворено.

Каде: Yosemite National Park, California е игралиште за секој љубител на отворено. Изнајмете кола и возете низ Mammoth Lakes да го видите спектакуларниот влез во паркот.  Бидете сигурни дека ќе останете  повеќе од еден викенд  за да ги истражите патеките, флората и фауната.


Granada, Spain

Каде: Гранада ве вика. Овој шпански град е културен центар преполн со прекрасни предјадења (тапас) и улици кои пулсираат со музиката и ритамот на локалните фламенко танчери. Не ја пропуштајте Alhambra Palace: прекрасната тврдина има чипкасти исламски сводови и градина која се протега со километри.

За останатите хороскопски знаци кликнете ТУКА.

Прегледи:
375
Објавено на:
25.04.2016