Категории

Најдоброто решение за животните проблеми е да се тргнете од луѓето кои ги создаваат

Најдобрата терапија за многу животни проблеми е да се оттргнете од луѓето кои создаваат проблем од се кон што ќе се доближат.

Било да се работи за нешто големо или некоја ситница, тие во се гледаат некој проблем. Не само што го гледаат, туку на вас сакаат да го пренесат и своето согледување, своето доживување, својата фантазија.
Најдобрата терапија за многу животни проблеми е да се оттргнете од луѓето кои создаваат проблем од се кон што ќе се доближат. Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано? Зошто по краткиот пат кога може по долгиот? Зошто да не се оптеретуваш кога може да се оптеретуваш? Како сето тоа да им е секојдневна храна за душата која ја трујат со својот негативен ум.

Не ви требаат вакви луѓе, не ви треба драма во животот повеќе отколку што веќе имате сега. После секоја негативна мисла ви треба опоравување и исцелување, треба да се фрлите во свет од позитива и да се излечите од се што ве ранило. Ако и понатаму го храните вашиот ум со отров се потешко ќе сфаќате што е добро и исправно, и каде се крие вистинската среќа.

Останете сконцентрирани на вашите соништа и ќе пронаоѓате начини како да стигнете до нив, а нема да барате изговори зошто тие за вас се невозможна мисија. Пуштете ги луѓето кои од се прават проблем, тоа е нивен проблем. Имајте свој погледн на светот кој не е оптеретен од прогнозата на самопрогласени стручњаци и песмисти кои го изгубиле својот компас. Кога ќе научите да се оттргнете од се што не е вредно ќе видите дека на крајот останува само она што го сакате и она што ви е потребно.

Прегледи:
405
Објавено на:
22.12.2019