Категории

Најголеми шанси за успешна врска имаат партнерите кои ги дели 1 година разлика

Годините се само број, или сепак не?

Многумина велат дека во љубовта годините се само број, но научниците одлучија да испитаат дали одредена разлика во години навистина има некакво влијание врз врската. Резултатите од истражувањето кое го спроведе универзитетот Ејмори од Атланта тврдат дека постои идеална разлика во години која е предиспозиција за љубов која ќе трае за сите времиња.

Истражувањето донесе резултати дека најголеми шанси за успешна врска имаат партнерите кои се само 1 година разлика и шансите за раскинува се 3%. Секако тоа е само статистички податок и не влијае врз другите фактори за љубовен (не)успех, но овој пример е забележителен.

Прегледи:
307
Објавено на:
06.12.2019