Категории

Најголемите лаги во врска со убавината

На филмовите поголемиот број од жените изгледаат беспрекорно. Тие се постојано средени без разлика во кои услови се наоѓаат.

Токму од таа причина денес ви ги претставуваме најчестите заблуди за женската убавина кои постојат само на филм, и затоа немојте да се оптеретувате ако не можете да постигнете таков изглед.

# Кармин кој не се размачкува

Без разлика на квалитетот на подлогата, пудрата или трајниот кармин, ниту еден козметички производ не гарантира отпорност по страстен допир на усните, секако освен на филм.

# Очи без подочници

Актерките по филмовите кога се будат од спиење не се потечени ниту имаат подочници, без разлика кога легнале. Плус тоа очите по будењето секогаш им се совршено нашминкани во неутрални бои.

# Пудра која не се пресликува

Ако некогаш сте го потпреле вашето лице на рамото на партнерот секако додека сте биле целосно нашминкани, сигурно сте оставиле траги на неговата кошула, блуза или сако. Без разлика колку скапа шминка користите, тоа само на филм не се случува.

# Маскара која не мрда од трепките

Водоотпорната маскара не може да “преживее“пороен дожд ниту ако пороен наплив на солзи. Од друга страна филмските хероини се имуни на оваа појава, дури и кога плачат.

# Секогаш совршена коса

Под влијание на влага косата се витка и д обива на волумен. Совршено испеглана коса или совршени локни на дожд се апсолутна научна фантастика.

Прегледи:
413
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
17.02.2016