Категории

Најголемите љубовни грешки кои ги прави вашиот хороскопски знак

Нема совршен човек па така ни хороскоспски знак. Секој од нив е специфичен и еден од друг се разликуваат во односот со нивниот партнер.

Еве според што секој знак на зодијакот се истакнува кога се во прашање неговите негативни страни во емотивните односи.

ОВЕН

Самоувереноста која на почетокот е привлечна, подоцна станува напорна. На дамата Овен некогаш и е тешко да го стави партнерот на прво место. Таа знае бурно да реагира и да покажува изливи на агресија.

БИК

По подолго време поминато со одреден партнер, дамата Бик е склона кон опуштање и занемарување на својот изглед, како и кон претерување со храна и пијалак. Но освен тоа, дамата Бик знае да биде тврдоглава и да се расправа постојано за исти работи со партнерот, како и да ги потенцира неговите грешки од минатото.

БЛИЗНАЦИ

Дамата Близнаци е склона често да го менува мислењето и начинот на однесување, па со самото тоа лесно може да го наведе партнерот покрај неа да не се чувствува сигурно. Тој нема да знае што да очекува и каква реакција ќе добие, што со тек на време знае да стане напорно.

РАК

Постојаната потреба за сигурност по извесно време не е пријатна. Во раната фаза на врската дамата Рак знае да го уплаши партнерот со разговори за брак и деца. Кога Ракот е во долга врска тогаш нејзиниот партнер станува центар на светот и тој често не може да има сопствени активности бидејќи таа му дише на врат.

ЛАВ

Претераниот егоизам и желба за внимание не е лесно да се толерира. Неопходно е партнерот постојано да се врти околу дамата Лав, а ако не го направи тоа таа се чувствува навредено. Освен тоа дамата Лав лесно се впушта во флерт, па на партнерот секако не му е лесно.

ДЕВИЦА

Покрај тоа што многу тешко ги покажува своите вистински емоции и потреби дамата Девица знае да биде напорна во упатувањето на критики кон својот партнер. На Девицата секогаш нешто и пречи. Нејзината опседнатост со хигиена и здравје станува по извесен период многу напорна.

ВАГА

Вагата ретко се жали дека нешто и пречи и дека не е задоволна. Таа за мир во домот знае да го премолчи своето незадоволство. Од друга страна, може да биде склона кон флерт ако не е задоволна од врската.
Сепак не е лесно да се биде со некој со кој не можете да влезете во расправа за да го откриете изворот на проблемот.

ШКОРПИЈА

Шкорпијата е многу вешта во емотивна манипулација. Од друга страна се љубоморни и посесивни па затоа присутни се чести расправии. Покрај нив партнерот често се чувствува како во замка и е несигурен во нивните вистински намери.

СТРЕЛЕЦ

Претераната потреба за слобода е една од главните карактеристики на овој знак. Тие имаат обичај да го запостават партнерот додека ги бркаат своите убедувања и авантури. Ако партнерот е несигурен или љубоморен дефинитивно е во врска со погрешна дама.

ЈАРЕЦ

Врската со дамата Јарец лесно може да стане монотона. Таа е оптеретена со работа и е склона на песимизам па својата тешка енергија лесно ја пренесува врз партнерот. Освен тоа таа тешко ги покажува емоциите па често изгледа како партнерот да игра споредна улога во животот на дамата Јарец.

ВОДОЛИЈА

Водолиите секако можат да прават разни грешки во врската, од она да го стават партнерот на последно место до тоа да ги запостават интимните моменти и разговорите за емоции. Со Водолијата ретко кога партнерот може да биде сигурен што всушност чувствува.

РИБИ

Доколку дамата Риби почне да го идеализира партнерот, таа ќе почне бескрајно да се жртвува за нешто што никој не и го побарал. Кога ќе се почувствува повредено, таа претерано ја зголемува својата улога на жртва. Дамата Риби има компликуван љубовен живот и е склона кон тајни и паралелни врски.

Прегледи:
465
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
29.01.2016