Категории

Најлесната медитација која ќе ве ослободи од сите опсесивни мисли

Медитацијата во одење е погодна во моменти кога тешко ви оди фокусирањето на некоја тема …

Додека одите, можете да медитирате со што ќе го прекинете кругот на мисли кои ве прогонуваат и ќе си дадете јасна слика за тоа што се случува околу вас.

Медитацијата во движење воспоставува контрола над мислите.

Обидете се со следново:

Бројте ги првите 7 чекори што ќе ги направите.
Во следниот чекор, започнете од 1 и бројте до 8.
Во наредниот чекор, започнете од 1 и бројте до 9.
Продолжете на ист начин додека не дојдете до 12.

Повторете го целиот процес од почеток онолку пати колку што ви се потребни.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
569
Објавено на:
02.10.2019