Категории

Најлошите парови во зодијакот: Овие хороскопски знаци не можат да се сакаат вистински

Некои знаци колку и да се сакаат не можат да имаат добра врска. Лавовите можат да ги доведат чувствителните ракови до лудило, а девиците ладно ќе ги остават скршените близнаци и нема ни да погледнат назад…

Лав и Рак

Врската на овој динамичен пар никогаш не може добро да заврши. Додека раковите се радуваат на длабоката, спиритуална и отворена врска со својот партнер во знакот на лав, тој пак, поради својата несигурност внесува немир во нивната идеја за љубовна идила. Лавовите се склони кон екстремни промени во љубовта, така што во еден момент се кралеви, полни со самодоверба и подготвени да го опсипат партнерот со љубов и нежности, а во друг момент се саркастични и цинични и ја критикуваат секоја ситница која им пречи кај партнерот.

Јарец и Водолија

Двата знаци се многу тврдоглави и упорни и тоа е една од причините зошто се привлекуваат меѓусебно, но истовремено, тоа е и најголемата пречка во нивната врска. Додека јарците функционираат врз основа на тоа како се чувствуваат, водолиите се практични. Поради тоа, со тек на времето изгледа како водолиите да доминираат во врската, оставајќи ги јарците да се борат за својата позиција. Ваквиот однос во врската доведува до експлозија кај двата знаци и често завршува со кавга и многу бурно прекинување на врската.

Девица и Близнаци

Во критични ситуации, кога треба да се борите за врската или да се откажее, девицата мирно и сталожено ќе ја остави врската позади себе, оставајќи го близнакот со скршено срце. До такви ситуации ќе дојде поради тоа што близнаците се навикнати да живеат во соништата, додека девицата го прзема целиот терет на врската врз својот грб и се она што вклучува таа.

Вага и Бик

Тврдоглавоста на бикот и очајната потреба  на вагата повремено да се чувствува дека е во право, никако не одат заедно. Бидејќи се разбираат многу добро, со тек на времето очекувањата еден кон друг стануваат преголеми, а ретко кога тие очекувања можат да се остварат.

 

Шкорпија и Риби

Емотивни знаци, а истовремено сомничави еден кон друг. Шкорпиите се многу невнимателни во изразувањето на љубовта кон рибите, кои низ животот ги водат емоциите. Нивната потполна спротивност која на почетокот била искрата страст, многу лесно може да се претвори во пожар кој ќе запали се околу нив, оставајќи зад себе тага, бес и разочарување. На рибите им е потребна слобода, која со тек на време ќе биде угушена од сомничавоста на шкорпијата.

Стрелец и Рак

Стрелецот обожава промени и секогаш се ообидува да внесе нешто ново во врската, додека промените кои ги прави ракот во својот живот се речиси незабележителни. Најголемата вредност во љубовта за стрелецот сексуалната врска со партнерот, додека за ракот е примарно да се поврзе емотивно. И таа голема разлика помеѓу емоциите и сексот на крај кај овие два знака ќе пресуди.

 

Прегледи:
481
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
26.02.2018