Категории

Најлошото што можеш да го направиш е да го потрошиш животот на погрешни луѓе

Внимавајте со кого сте и кому му го давате своето време и вашите денови!

Го прашале некој човек кој поминал низ сешто во животот што му било најлошото што го доживеал..
Сиромаштија, болест, неправда, беда, самотија?.. Ништо од тоа – мирно рекол.
Но мора да биде нешто, кажете ни!…
Најлошо е кога ќе го потрошиш животот на погрешни луѓе. Напред немаш со кого, а назад немаш кај кого.

Често се препуштаме и доверуваме некому кој не е вреден за тоа.
Дали грешиме во проценката или тој некој толку добро направил камуфлажа, било како и да било..
Во главно често тоа се личности поради кои само го губиме своето време, се завлекуваме целиот живот и на крај се судираме со ѕидот на безизлезноста.
Остануваш тука каде што си, а личноста во која си се колнел, продолжува понатаму, како никогаш и да не била дел од твојот живот. Но нас ни станува доцна за нови почетоци, се вртиме назад и ги бараме грешките кои сме ги направиле, само отвараме нови рани и се уништуваме себеси.
Затоа, внимавајте со кого сте и кому му го давате своето време и вашите денови!

Прегледи:
512
Објавено на:
20.01.2020