Категории

„Најмила моја, каде си кога ниту утрото ми е ден, каде си кога ниту мракот ми е ноќ..“ – Кукла од Памук

„Еј најмила моја,
каде си кога сите ѕвезди ќе се угаснат,
каде си кога сите реки ќе дотечат..
Под чии сводови се вгнездуваш,
во чии крилја заспиваш?

Каде си кога горам во бесни огнови,
каде си кога ми се рушат во пепел спомени..
Каде си кога гробови ми се туѓи постели,
каде си кога сум леш во страни прегратки..

Најмила моја,
каде си кога ниту утрото ми е ден,
каде си кога ниту мракот ми е ноќ.
Во чие сонце со топлина да се угреам,
во чија месечина светлина да пронајдам..

Во чии облаци тага да измијам,
во чии градини рози да помилувам,
Во мене душа гола како пустина,
во гради одамна пролет не расцутела.

Еј најмила моја..
Во град преполн со илјадници лица
чукам на врати од празни срца,
но ни едно како твоето не ме вдомува.

Ниту едни очи како твоите не ме гледаат,
ниту душа ми разголуваат, ниту мрак ми осунуваат.
Ниту едни раце како твоите не ме допираат,
ниту крв ми зовриваат, ниту кожа ми растреперуваат.“

 

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
783
Објавено на:
09.06.2020