Вербата е најмоќната сила во нашиот живот која никако не смееме да ја загубиме
Тоа е онаа крајна цел и смисла која ја буди сета сила во нас и прави остварувањата да го променат нашиот живот. Тоа е контролата врз нашите мисли и способноста да не им дозволуваме тие да не управуваат нам. Тоа е разбирањето и прифаќањето на сопствените чувства и обидот од нив да го извлечеме најдоборото. Тоа не е борба против нив туку нивно прифаќање.
Сфаќањето дека целите во животот немаат толкава сила да не мотивираат колку што има нашето верување. Силното верување може да нешто сосема ново од секоја рушевина, тоа е почеток на секој крај и предаденост кон самиот себеси и она кое што не придвижува.
Со вербата ние управуваме со нашите одлуки, во нашето битие се создава цврстина која е многу посилна од секој страв и сомнеж.