Категории

Најнежниот сензуален тренд кој ја одбележува оваа зима

Оваа зима ни доаѓа нов тренд кај џемперите на кој со сигурност нема да му одолеете

Инспириран од шармантиот романтичен француски стил, оваа сезона ни доаѓаат џемперите со отворен грб кој дефинитивно ќе бидат одбележани како зимска класика. Сите оние кои го обожаваат плетивото но исто така сакаат да изгледаат женствено и сензуално, овој модел на џемпери е извонредно парче во кое ќе се вљубат на прв поглед.
Можете да го комбинирате со фармерки, широки панталони, кожни здолништа и моментално најпопуларните свилени миди здолништа.
Сигурни сме дека ниедна стилска дама нема да им одолее.

Прегледи:
339
Објавено на:
09.02.2020