Категории

Новата колекција на Џиџи Хадид во соработка со Tommy Hilfiger

Џиџи Хадид уште еднаш се оствари во улога на дизајнер соработувајќи со познатиот бренд Tommy Hilfiger. Во Лос Анџелес таа ја претстави својата најнова колекција за сезоната есен/зима 2017 год. По пистата која беше претворена во забавен парк зачекорија доста познати имиња меѓу кои младата сестра на Џиџи – Бела Хадид, како и нејзините блиски пријателки и колешки моделите Девон Виндсор, Џоан Смалс, Стела Максвел и Хејли Балдвин. Колекцијата е инспирирана од ’90-тите и содржи фармерки со принтови, каубојски чизми, парчиња со американски аблеми и многу други парчиња препознатливи за брендот. Џиџи ја доби честа да ја отвори и затвори ревијата во нејзините две омилени креации.

Прегледи:
874
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
11.02.2017