Категории

Најосамениот монах на светот – Живее во храм на врвот на мало ридче и ги поминува деновите медитирајќи

Во храмот Ритуо, кој се наоѓа на врвот на мало ритче опкружено со езеро, живее еден монах кој ги поминува деновите медитирајќи.

Ритуо, што значи „камен на планина“ на тибетски јазик, честопати се нарекува најосамен храм во Тибет. Има историја повеќе од 700 години, но важи за еден од скриените скапоцени камења во земјата, бидејќи малку туристи се осмелуваат да ја посетат. Ова е затоа што се наоѓа практично среде никаде, на мал дел од земјата што се протега во езерото dамдрок, едно од трите свети езера на Тибет.

Најинтересен факт за многумина е дека само еден човек живее во овој храм. Неговото име е Ахванг Пинкуо. Тој ги поминува деновите медитирајќи, молејќи се и носејќи вода.

Ахванг е последниот во долгата низа осамени монаси кои со векови го чувале храмот Ритуо. Кога ќе умре, неговото место ќе го заземе некој друг што ќе ја има истата силна волја.

Прегледи:
667
Објавено на:
12.04.2021