Категории

НАЈПОПУЛАРНИОТ ТИКТОКЕР ДУШАН СО СВОЈА ПРВА ПЕСНА И СПОТ

Првата и долго очекувана песна на македонскиот тиктокер Душан Пауновски, познат кај помладите како whoisdushan е објавена на неговиот јутјуб канал. Песната е насловена ”Нема дилема” и е негово комплетно авторско дело, односно Душан се потпишува зад текстот и музиката, а пак продуцирана е од Mecka Warrior Production. Душан напишал прекрасна балада која ќе посакате да ја слушнете уште неколку пати и која со сигурност ќе ги освои женските срца.

Ова е прва студиска песна на Душан после најуспешната тикток песна за 2020 година “Само да си знаете пред време” која ја напиша на шега, но стана огромен хит на тикток. Спотот е сниман на 3 локации во Охрид меѓу кои и луксузниот хотел Аквалина, а спотот за песната го снимаше Зати.

Уживајте во песната и спотот:

Прегледи:
1019
Категории:
Музика
Објавено на:
30.04.2021