Категории

Најпопуларните модели лансираа колекција костими за капење

Додека сите нестрпливо го очекуваме официјалниот старт на летото, популарниот бренд за костими за капење Solid & Striped веќе ги крои големите планови за лето 2018.
Брендот во основа на Исак Рос кој пред три години го започна големиот поход по освојување на женските срца со своите колекции, неодамна го претстави својот нов голем проект. Брендот за дизајнирање на новата колекција за идното лето ангажира 13 најпопуларни супермодели.
Жозефин Скривер, Каролин Марфи, Елса Хоск, Лили Алдриџ, Енико Михалик, Џордан Дан, Наташа Поли, Барбара Палвин, Тони Гарн, Изабел Фонтана, Џесика Харт, Хана Фергусон и Хејли Клаусон ги осмислија своите совршени костими за капење.
Костимот на Есла Хоск, „ангелот“ на Victoria’s Secret е еден од нај популарните моментално..

    

Прегледи:
310
Објавено на:
16.05.2017