Категории

Најпоставуваните прашања и нивни одговори околу ноќната нега на лицето

Која е разликата помеѓу дневната и ноќната крема? По што се разликуваат ноќните креми и серуми од дневните?

Пред се делувањето. Ноќните и дневните производи често мораат да се прилагодат на биоритамот. Ноќе нашето тело и кожа се обновуваат, и тие ноќни производи постојат така што ги имаат потребните компоненти кои им помагаат на кожата и ја подобруваат структурата и ја негуваат.
Преку денот на кожата и е потребна заштита поради што тука се кремите со антиоксиданси и спф фактор,

Дали мора да се користат ноќни креми?
Доколку сакате да ја одржите кожата младолика и убава, морате да се посветите на ноќната нега еднакво како и на дневната. На ноќе се зголемува пропустливоста на кожата и кремите тогаш можат да делуваат подлабински и појако.

Која крема да се избере од широката понуда?
Се зависи од потребата на кожата – за некои е доволна хидратантна крема, за некои комбинација од крема и серум. Важно е да разберете дека во некој производ и колку да е универзален често нема доволно компоненти кои би можеле да ги исполнат потребите на кожата. Комбинирајте сретства: Користете пилинг неколку пати неделно, сретства за чистење на кожата, и силни концентрати.

Прегледи:
418
Објавено на:
24.09.2019