Категории

Најпознатиот фустан на Мерлин Монро е даден на аукција

160907-marilyn-monroe-kennedy-dress-mn-0906_3d328e7a71baf2c1f90430ce3c637193-nbcnews-ux-2880-1000

Легендарниот фустан кој најпознатата икона на сите времиња Мерлин Монро го носеше во Мај 1962 година додека му го честиташе роденденот на претседателот Џон Ф. Кенеди во резиденцијата Сквер Гарден во Њујорк е даден на аукција и се очекува да достигне цена од 3 милиони долари.
Фустанот во боја на кожа изработен од неколку илјадници рачно навезени кристали е специјален дизајн на Џин Луис, а она што е најпознато околу овој фустан е тоа што тој бил сошиен на телото на убавата Мерлин пред таа да се појави на сцената. Нејзината интерпретација на “Happy birthday Mr. President“ ден денес е најпознат и најскандалозен момент кој исто така е еден од последните појавувања во јавност на ѕвездата пред нејзината смрт.

Фустанот ќе помине мала турнеа низ неколку музеи пред да биде конечно продаден овој викенд на тридневна аукција. Фустанот последно бил продаден во 1999 година и достигнувајќи цена од 1,26 милиони долари.

gallery-1479164154-hbz-marilyn-monroe-embed

gallery-1479164238-gettyimages-50966425

gallery-1479164368-gettyimages-53372185

Прегледи:
449
Објавено на:
16.11.2016