Категории

Најправедниот хороскопски знак

Не постои хороскопски знак кој повеќе ги балансира нештата од Вагата.

Таа е мирољубива и правична и секогаш се труди нештата да ги држи под контрола.

Вагата е воздушен знак со изразен интелект и прониклив ум. Во нејзината природа е да се инспирира од интересни книги и да води дискусии со за неа занимливи луѓе.

Бидејќи владеечка планета и е Венера, јасно е дека дамата Вага сака убави нешта и квалитетот и е поважен од квантитетот.

Вагата е фасцинирана од рамнотежата и симетријата и таа е личност која неизмерно ја почитува рамноправноста, а не може да ја смисли неправдата и се труди да ја елиминира.

Најголем проблем на Вагите им е кога се принудени да бираат страна. Понекогаш поминуваат толку време во спознавање на аргументите што на крај забораваат дека имаат свое мислење.

Пронаоѓањето на вистинскиот партнер на дамата Вага и е приоритет. За Вагите кои се во врска, многу и е важно да го одржат мирот и хармонијата.

Како љубовници Вагите се креативни и урамнотежени, но ќе направат се партнерот да им биде целосно задоволен.

Нешто од што најмногу се плашат Вагите е осаменоста.

Вагата е одличен пријател кој е секогаш подготвен да помогне. Овој флексибилен знак сака да помине многу време во друштво на пријателите и семејството.

Вагата по природа е одличен лидер и многу вреден работник. Вистината и правдата преовладуваат кај Вагата кога донесува одлуки.

Партнерството или работата во друштво на Вагата се идеални.

Работни места како полицаец, адвокат или судија се одличен избор за Вагата, но таа би била и добар дипломат, композитор и моден дизајнер.

Прегледи:
839
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
01.02.2016