Љубовта на нашиот живот доаѓа по големите грешки
Тогаш кога сте виделе светла иднина за вас двајцата, сте го замислувале секој аспект од заедничкиот живот и сте верувале дека нема сила на светот која ќе го скрши она што го имате – но сепак се се распаднало.
Ова болно искуство ги уништува очекувањата, ве крши на парчиња за кои не сте можеле да замислите дека повторно ќе се соединат.
Можеби е вистина – За да бидеме повторно целосни, прво мораме да бидеме скршени.
Размислете, пожеби и самата помисла на промени ви е тешка, ставете се во таква ситуација. Веројатно ќе си кажете на себеси дека не е секогаш целта во учењето од грешките и сеуште посакувате да се вратите на изгубената љубов затоа што нејзиниот крај бил премногу болен.
Иако, без оглед на тоа колку си го велите истото или се преправате, никогаш нема да ја промените реалноста.
Единствената причина поради која љубовта била во вашиот живот е за да ви го скрши срцето.
Оваа болка и страдање се она кое води до вистинската љубов подоцна во животот.
Една од најголемите грешки кои ги правиме е што остануваме во врска од која треба да излеземе уште оној миг кога започнала.
Грешките кои ги учиме денес се оние кои подоцна не прават подобри, сега боли, но утре ќе наидете на нешто подобро затоа што ќе знаете подобро да одберете.