Категории

Најретката боја на очи во светот – Ја има само 2% од популацијата

Бојата на очи е одредена од количината и распореденоста на пигментот меланин а исто така отсекогаш бојата на очи се поврзувала со карактерот на личноста.

Зелени очи поседува помалку од 2% од популацијата. Тоа е боја на очи која може да се менува во други бои во зависност од ситуацијата, расположението, времето и облеката. Може да ви звучи неверојатно, но зелените очи понекогаш може да бидат речиси сини, некогаш сиви а некогаш смарагдно зелени.

За таква способност на промена е задолжен голем број на генетски предиспозиции и комбинации за кои некоја личност би можела да има зелена боја на очи. Светлите очи секогаш реагираат на количината светлина која ја добиваат но и на расположението и емотивната состојба на личноста која ги има.

Една боја на очи која е подеднакво тешко ако не и доста тешко да се пронајде тоа е златната боја. Тие се уште поретки од зелените но со оглед на тоа што се работи за отсуство на пигмент меланин, научниците понекогаш не ги сврстуваат заедно со останатите бои на очи.

Прегледи:
2675
Објавено на:
09.11.2020