Категории

Најточниот љубовен хороскоп според старите Римјани

Лав

Вие сте страсни и топли, често паѓате на надворешниот сјај, но умеете да ги препознаете искрените емоции. Особено ако тие доаѓаат од страсниот Овен или романтичната Вага. Ако сте мажи, нема лесно да можете да одолеете на духовитите Близнаци или спонтаните и лежерни Стрелци.

Секоја личност која влегува во вашиот живот го прави тоа со причина. Токму затоа обидете се да ја одберете онаа личност која може да ви овозможи сигурност и стабилност, а не забава и моментално задоволство.

Девица

На вашата практична и перфекционистичка природа најмногу ѝ одговара опуштање во друштво на весели личности кои умеат да уживаат. Тоа може да биде еден Бик, иако исто така ви одговара и доминантниот Јарец. Доколку сте претставници на посилниот пол, големи се шансите дека ќе ве привлече Скорпија или Рак.

Партнерите можете да ги запознавате во својот роден крај или друго познато окружување. Често се случува и некој од вашата фамилија да ви биде стројник.

Вага

Вие сте едни од најшармантните карактери, па токму затоа и спротивниот пол едноставно се „лепи“ за вас. Една нескротлива Водолија или пак, зборлест Близнак би можеле лесно да го привлечат вашето внимание. Доколку сте мажи, вам нема да ви биде тешко да се заинтересирате за Стрелец или Лав.

Самата суштина на Вагите е љубовта, па токму затоа припадниците на овој пол постојано се во потрага по љубов, правејќи голем број прилики со цел да ги активираат своите емоции.

Скорпија

Поради вашата харизма и мистериозност, вие никогаш нема да останете незабележени и секогаш ќе зрачите со сексапил. Вие можете да влезете во врска со еден пречувствителен Рак или еротична Риба, додека пак на дамите може да им се допадне некоја срамежлива Девица или воздржан Јарец.

Вие ќе имате можност некое пријателство да го претворите во љубов, но тоа може да биде и непромислена одлука. Од друга страна пак, никогаш не ја исклучувајте можноста дека некој од вашите пријатели може да ве запознае со личност која целосно ќе ги исполни сите ваши очекувања.

1 2 3

Прегледи:
1271
Објавено на:
24.03.2016