Категории

Најточниот љубовен хороскоп според старите Римјани

Стрелец

Вие сте спонтани и природни, весели и опуштени, како и вистински магнети за некој великодушен Лав или „откачена“ Водолија кои ретко би можеле да одолеат на вашиот шарм. Машките претставници на овој знак можат да забележат страстен Овен или тактична Вага.

Вие можете да влезете во врска во која ќе има голема разлика во годините, начинот на живот и културата. На оваа врска ќе треба долго да се прилагодувате, но ако успеете во тоа, вие ќе најдете стабилен и вистински партнер кој ќе остане со вас до крајот на вашиот живот.

Јарец

Можете да влезете во паралелна или трајна врска со одредена Девица или Скорпија. Ако сте дама, нема да останете имуни на додворувањето на мистична Риба или лежерен Бик.

Кај вас емоциите и врските не се менуваат многу често, па доколку личноста е активна, може да се задржи подолго време во вашиот живот. Ако не ја контролирате љубомората и посесивноста може да дојде до прекин на односот поради недоверба.

Водолија

Вие уживате да ја шокирате околината за сè, па зошто љубовниот однос да биде нешто поразличен? Можеби вам ќе ве интересира некоја Вага кај која ќе ви се допадне немирниот дух или пак, некој Близнак кој нема да му смета тоа што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии можат да запознаат Стрелец или Овен.

Вие можете да го помешате пријателството со љубовта, па токму затоа бидете сигурни пред да ги покажете своите вистински чувства. Исто така обидете се да бидете искрени кон партнерот бидејќи секоја тајна може само да ви штети.

Риби

Вашата сензуалност и еротичност не може да остане незабележана, особено ако сте дами. Една таинствена Скорпија или упорен Рак може да направи сè за да ве освои. Доколку сте маж, вие можете многу лесно да освоите Јарец или Бик.

Вие можете да запознаете личност на интернет, но немојте пребрзо да оддавате многу информации за себе бидејќи можете да се разочарате. Оние кои имаат среќа да ја запознаат својата сродна душа, целосно ќе се препуштат на овој однос. Обидете се да се држите настрана од оние личности со кои ќе имате патолошки односи, бидејќи на тој начин само ќе се оддалечувате од среќата.

1 2 3

Прегледи:
1271
Објавено на:
24.03.2016