Категории

Најстариот запишан виц во светот ќе ве насмее и денес

Табу темите отсекогаш го смееле народот и до ден денес тоа сѐ уште важи. Интересно е тоа како човечката смисла за хумор се нема многу променето иако поминале векови од првиот запишан виц во историјата.

Имено, Сумерите го запишале првиот виц во 1900-тата година пред наша ера. Чудно е што таквиот виц и денес може да се смета за духовит. Најстариот виц во историјата гласи вака:

„Што е тоа што се нема случено од настанокот на светот? Млада жена да прдне во прегратката на нејзиниот маж.“

Овој виц заедно со уште неколку се собрани на едно место благодарение на еден научник од Универзитетот во Вулверхемптон. Пол МекДоналд, еден од истражувачите, наведува дека табуата, односно исказите кои покажуваат некаква побуна, се честа тема која се провлекува во вицовите низ вековите.

Што мислите вие за првиот виц во историјата? Успеа да ве насмее?

Прегледи:
333
Ознаки:
· ·
Објавено на:
01.09.2016