Категории

Најстраствени се жените со оваа боја на коса

Одредени истражувачи, ја поврзуваат бојата на коса со сексуалниот живот. Во ова истражување учествувале неколку стотини жени со различна боја на коса.

Според истражувањето, сексуалниот живот на црвенокосите очигледно е поактивен од жените со останатите бои на коса. Исто така, оние жени кои ја бојат својата коса во црвена боја, се вели дека сакаат да испратат порака дека бараат партнер. Дури и оние кои се во врска, доколку имаат црвена коса даваат знак дека се незадоволни од својот партнер и бараат нешто подобро.

„Црвенокосите привлекуваат внимание, ретки се и таа огнена боја покажува дека се младолики и плодни“ – се вели во истражувањето.

Релативно мал број од популацијата се раѓаат со природно црвена коса, што значи дека постои и психолошка пристрасност која ги прави попосакувани од жените со друга боја на коса, затоа што се ретки, а со тоа и многу попожелни.

Прегледи:
517
Објавено на:
04.01.2018