Категории

Најубавите елегантни стајлинзи на Дакота Џонсон

Популарната актерка која остана запаметена по улогата во трилогијата „Педесет нијанси на сиво“, неодамна влезе во својата трета деценија од животот.

Симпатична и секогаш насмеана, Дакота е една од оние актерки кои радо би ги гледале во различни филмови, емисии и интервјуа на црвениот тепих. Таа плени со својата харизма, спонтаност и духовитост а нејзиниот стил секогаш мами воздишки, особено кога се работи за вечерни гламурозни тоалети кои покрај својата луксузна нота со себе носат и доза на женственост.
Во чест на нејзиниот јубилеен роденден, одбравме неколку од најубавите стајлинзи од црвениот тепих кои долго ќе ги паметиме.