Категории

Најубавите фустани на доделувањето на Оскар 2016

Иако на овогодинешното доделување на Оскар, имаше неверојатни креации, општ впечаток е дека дамите за 88-то доделување на престижните награди излегоа со едноставни кроеви и исто такви материјали.

Оваа година улогите се променија, па така Џенифер Лоренс и Софија Вергара кои се инаку познати по одличен стил, одбраа убави но не и впечатливи фустани и со тоа им дозволија на останатите дами да заблескаат на црвениот тепих.

Меѓу најдобро облечени жени се истакна Лејди Гага, која одбра одлична креација од својот пријател Брендон Максвел и изгледаше како дива, додека убавата Маргот Роби изгледаше како секси женска варијанта на статуетката Оскар во фустан на Том Форд.

Секогаш добро облечената Наоми Вотс одушеви со својата виолетово светликава тоалета, додека навистина позитивни критики собра и едноставниот но елегантен фустан на Оливија Ман.

Особено се истакнаа Шарлиз Терон и Оливија Вајлд во заносните тоалети со длабоко деколте, а младата скандинавска актерка Алисија

Викандер беше неодолива во жолтата креација на Луј Витон.

Погледнете ја галеријата и кажете ни кој фустан е вашиот фаворит.