Категории

Најубавите љубовни цитати од „Хари Потер“

Сите оние кои ги прочитале книгите за малиот волшебник Хари Потер, знаат дека книгите опфаќаат многу теми, меѓу кои е романтичната љубов, платонската љубов, невозвратена љубов и љубовта за којашто луѓето се подготвени да направат се.

Прочитајте ги најубавите љубовни цитати од „Хари Потер“ .

„Оние што нѐ сакаат никогаш не нѐ напуштаат целосно. Секогаш можеме да ги најдеме, тука.“ – Сириус Блек

„Неговите очи се зелени како свежа кисела жаба, неговата коса е црна како црна табла. Посакувам да беше мој, тој е секогаш свој, херој кој може да го победи најголемото зло.“ – Песничка за Денот на вљубените

„Сѐ е дозволено во љубов и војна, а ова е и од двете по малку.“ – Рон Визли

„Ќе останам со тебе до самиот крај.“ – Џејмс Потер

„Дамблдор би бил најсреќниот човек кога би верувал дека постои малку повеќе љубов на овој свет.“ – Професорката МекГонагал

„Кога ќе проживеете исто толку работи колку мене, нема да ја потценувате моќта на опсесивната љубов.“ – Хорејс Слагхорн

„Разликите во навиките и јазикот не се воопшто важни ако нашите цели се идентични, а нашите срцата отворени.“ – Албус Дамблдор

„Крвта му струеше во ушите. Тој ја јавна метлата, силно удри со нога по земја и високо се издигна. Воздухот му ја мрсеше косата, а неговата наметка се вееше зад него. Во оваа бура од неизмерна радост тој сфати дека може да направи нешто, без да го научи. Ова беше лесно, ова беше прекрасно.“ – Џ. К. Роулинг

„Кога е човек сакан толку длабоко, дури и тогаш кога личноста која нѐ љубела ќе замине, нејзината заштита ќе биде засекогаш присутна.“ – Албус Дамблдор

„Ти си заштитен од твојата способност да љубиш! Тоа е единствената заштита што може да се бори против огромната моќ на Волдеморт! И покрај сите искушенија и страдања, твоето срце остана чисто…“ – Албус Дамблдор

„Постојат неколку работи што не можете да ги споделите без да си се допаднете еден на друг, а борбата против џиновски трол е една од нив.“ – Џ. К. Роулинг