Категории

Најубавите црвени фустани за Денот на вљубените

Било дали го сакате Денот на вљубените или не, сигурно ќе се сложите дека црвената боја е идеална за прославата на љубовта. Баш за таа цел издвоивме неколку фустани од популарните high street брендови во кои ќе изгледате прекрасно како било и да го прославувате.
Ги разгледавме понудите што ги нудат популарните брендови и наидовме на доста голем избор на фустани во црвена боја што е уште еден предзнак дека таа ќе биде доста доминантна идната сезона, па во секој случај еден од овие фустани навистина ќе биде парче во вашата гардероба кое нема да остане заборавено. На нашата листа се наоѓаат фустани со гол грб, кратки и долги, на прерамки, со ѕвонарести ракави и модели со голи рамена. Секој во духот на актуелните трендови. Носејќи црвено боја или не, во неа едноставно не можете да се чувствувате лошо.

Прегледи:
906
Објавено на:
03.02.2017